Македонија ги избегна фаворитите и доби поволна група во Лигата на нации

Европската фудбалска федерација - УЕФА ја одржа ждрепката за новотот издание на Лигата на нациите кое започнува во септември оваа година. 

Репрезентацијата на Македонија своите ривали во Лига Ц ги очекуваше од третиот шешир. Поради лошиот пласман на минатото издание, нашиот национален тим беше полошо рангиран од селекции како Фарски Острови, Луксембург и Косово, па уште од старт беше во релативно подредена улога. Среќата посака избраниците на Благоја Милевски да налетаат на Ерменија, Летонија и Фарски Острови.

  • Групи во Лигата на нации - Лига Ц:

Група 1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија
Група 2: Романија, Косово, Кипар, Литванија/Гибралтар
Група 3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија
Група 4: Ерменија, Фарски Острови, Македонија, Летонија

Со сите репрезентации Македонија има позитивен биланс, а во последните години често игравме со двете поранешни советски селекции во групата. Фарски Острови се непознаница и селекција против која не сме играле со  оваа генерација фудбалери.

Лигата на нациите стартува со натпреварите во септември, на петти и осми, а продолжуваат со натпревари во октомври и ноември. Од ова издание од секоја група по две селекции се пласираат во четвртфинале со ривали од својата конкуренција.