ВИДЕО: Украинските фанови покажаа почит со скандирање на името на нашата држава

Украина

Украинските навивачи покажаа почит кон репрезентацијата на Македонија, по директниот дуел во Букурешт, во второто коло од Европското првенство.

Избраниците на Андриј Шевченко победија со 2-1, па „жолто-сината“ експедиција на „Националната Арена“ имаше на што да се радува, за разлика од македонските фанови.

Во вечерните часови низ улиците на романската престолнина се собраа голем број фудбалски фанови. За нашата јавност интересен беше моментот кога Украинците започнаа да го скандираат името на нашата држава.

Со победата Украина ги задржа шансите за пласман во следната фаза. Во последното коло ќе одигра директен дуел со репрезентацијата на Австрија.