Македонија е една од нив: Знаете ли колку УЕФА-земји немале тим во ЛШ?

И покрај тоа што Лигата на шампионите повеќе од три децении претставува врв на европскиот клупски фудбал, и денес постојат земји членки на УЕФА кои никогаш немале свој претставник во групната, односно денешната лигашка фаза на натпреварувањето.

Од воведувањето на групниот формат во сезоната 1992/93, клубови од најсилните европски шампионати редовно се дел од елитата, но за дел од помалите фудбалски нации пласманот во Лигата на шампионите останува недостижен сон.

Меѓу земјите кои никогаш немале клуб во елитната фаза се Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово, Ерменија, Естонија, Летонија, ГрузијаЛитванија, Исланд, Фарски Острови, Луксембург, Малта, Андора, Лихтенштајн, Сан Марино, Гибралтар, Северна Ирска, Република Ирска и Велс.

Интересно е што дел од овие земји веќе имаат европски успеси во другите натпреварувања на УЕФА. Од Македонија, Вардар во 2017 година испиша историја со пласман во групната фаза на Лигата на Европа како прв клуб од Македонија, додека Шкендија од Македонија, Балкани од Косово и Клаксвик од Фарски Острови стигнаа до групите во Конференциска лига.