• Горан Упале

Во периодот од шести до 11 мај во Струмица ќе се одржи развоен турнир на кој покрај Македонија ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора.
Натпреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот „Горан Пандев“ и во Турново. Во првото коло кое е на програмата на шести овој месец се среќаваат репрезентациите на Македонија – Сан Марино (Стадион „Горан Пандев“) почетокот е закажан за 12:00 часот додека од 15 и 30 стартува дуелот Косово – Андора (Стадион Кукуш – Турново)
В петок на осми мај во Струмица од 15:30 часот почнува натпреварот Македонија – Андора додека од 12:00 во Турново се среќаваат Косово – Андора. Во последната рунда која е на програмата на 11 мај, Македонија во Турново е домаќин на Косово и овој меч се игра во Турново со почеток од 13:00 часот додека во Струмица од 10:00 часот играат Сан Марино и Андора.
Репрезентацијата до 16 години ја предводи селекторката Катерина Милеска која за овој турнир ги повика следниве фудбалерки:
Ања Стојмиловска Голманка ЖФК Кочани
Mагдалена Иломаноска Голман ЖФК Топ Гол
Нина Манасиева Одбрана ЖФК Кочани
Лина Мицовска Одбрана ЖФК Кочани
Арианеса Арсланоска Одбрана ЖФК Ускана
Aнабела Блажеска Одбрана ЖФК Ас Јунајтед
Eмилија Ивковиќ Одбрана ЖФК Скопје
Ангелина Јованоска Одбрана ЖФК Љуботен
Мила Коњановска Одбрана ЖФК Топ Гол
Тамара Атанасовска Средина ЖФК Скопје
Ања Каранфиловска Средина ЖФК Истатов
Марија Велиновска Средина ЖФК Кочани
Душица Лазареска Средина ЖФК Цевитана
Геновева Калајџиеска Средина ЖФК Ас Јунајтед
Елена Наумоска Напад ЖФК Скопје
Јана Милошевска Напад ЖФК Скопје
Дорунтина Сејдини Голман ЖФК Ускана
Ана Марија Велевачкоска Напад ЖФК Цевитана
Софија Велинова Напад ЖФК Фудбал старс
Христина Јорданова Напад ЖФК Скопје