• Зоран Мишевски
Во периодот од 14 до 20 април во Струмица ќе се одржи развоен турнир на УЕФА на кој покрај репрезентацијата на Македонија до 16 години ќе настапат и селекциите на Северна Ирска, Узбекистан и Турција,
Селекторот Иљами Исејни за овие три средби повика широк список на фудбалери.
Голмани:
Димитар Петров (Брера), Илан Мемети (Лозана)
Одбрана:
Матеја Масев (Графичар), Филип Ѓорѓиоски (Вардар), Адриан Велески (Вардар), Михајло Павлов (Црвена Звезда), Илија Аксентиев (Македонија ЃП), Амар Акики (Шкендија), Џихан Ибраими (Вардар).
Среден ред:
Павел Стојанов (Брера), Ефе Раифи (Арсими), Арди Бајрами (Македонија ЃП), Далибор Марковиќ (Македонија ЃП), Александар Полимац (ИМТ), Марин Крстевски (Црвена Звезда), Огнен Сивевски (Македонија ЃП), Благоја Седлоски (Скопје), Матеј Бочевски (Македонија ЃП), Дардан Адеми (Арсими)
Напад:
Осман Исмаили (Арау), Стефан Ристиќ (Партизан), Медин Емини (Кошице).
Собирот на фудбалерите е закажан за вторник (14.04.2026) во 10:00 часот. Првиот натпревар ќе се одигра на 14 април, противник ни е Северна Ирска, а почекот е закажан за 15:30 часот.
На 17 април следува дуелот против Узбекистан, а три дена подоцна на програмата е соочувањето со Турција. И овие две средби почнуваат во истиот термин.