• Мартин Танасковски

Фудбалската федерација на Македонија, на предлог на Судиската организација, ќе направи измени на интернационалната листа на македонски судии за 2026 година. Една од најзначајните новости е вклучувањето на судијата Стојанче Трпчевски од ОФС Кавадарци, кој ќе го носи престижниот ФИФА амблем.
Овој момент претставува голем успех и за него лично, но и за Македонија меѓу ФИФА-судиите. Со оваа промена, по речиси дваесет години пауза, судија од Кавадарци повторно добива свој претставник на највисокото ниво на судиската сцена.
Трпчевски со своите континуирани настапи во Првата македонска фудбалска лига и со својот професионален пристап, го заслужува местото меѓу меѓународните судии.
Освен Трпчевски како главен судија, ФИФА-амблеми добија и неговите помошници Александар Ѓурковски од Куманово и Влатко Митревски од Битола.


