Македонија доби заслужен скок на новата ФИФА ранг-листа

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од две места на ФИФА ранг-листата. За тоа се заслужни двете победи на „рисовите“ над Летонија и Фарски Острови, кои се играа во рамките на последниот „прозорец“ од Лигата на нации. 

Нашите момчиња успешно го завршија циклусот и ја остварија целта - се пласираа во Б сегментот и со голема веројатност си заслужија бараж за настап на следното Светско првенство. 

Дали ќе успееме да добиеме место во баражот, останува да видиме откако ќе завршат регуларните мундијалски квалификации. Во моментов сме на 67. место на ФИФА листата, со вкупно 1,368 поени. 

Состави

Благоја Милевски

4-3-3

    Hakan Ericson

    3-4-3