ВИДЕО: Македонија чекори кон третото место, Николов носи златно водство

Само што требаше да биде означен крај на првиот дел, Бобан Николов го крена „Тодор Проески“ и цела македонска јавност на нозе со водечки погодок против Израел.

Македонија стигна до посакуваното водство во вистински момент и тоа по една лоша реакција на гостинската одбрана. Енис Барди изведе корнер од левата страна, еден дефанзивец ја исфрли топката до нашиот играч за врска, кој од прва по земја ја затресе противничката мрежа и погоди за 1-0.

Голот на Николов за водство против Израел:

За да го освоиме посакуваното трето место ќе треба да славиме во Скопје, но и Словенија да загуби кај Полска.