• Горан Упале

Фудблската селекција на Македонија со три бода го започна новиот циклус на квалификации. Во првото коло од групата Ц за пласман на Европското првенство во Германија, во Скопје совладан беше аутсајдерот Малта со минимални 2-1.
Столе Димитриевски немаше многу работа на оваа средба, но на чудесен начин прими гол и не ја сочува својата мрежа незатресена. Со овој настап одличниот чувар на мрежата се израмни со легендарниот Петар Милошевски, но за да стане голман со најмногу настапи во репрезентативниот дрес ќе почека најрано до јуни.
<<< ПОВРЗАНО - „Израмнив рекорд на величина како Милошевски, еден од најдобрите во историјата“
Следен противник на нашата селекција ќе бидат Фарски Острови, в понеделник со почеток од 19:00 часот, но Димитриевски нема да застане меѓу стативите на овој пријателски натпревар.
Тој е поштеден од селекторот Милевски и веќе е на пат за Мадрид, каде ќе ги продолжи подоготвките со Рајо за финишот од сезоната во Примера. Покрај Столе, во ростерот на Милевски нема да биде ниту повредениот Адеми, додека неизвесен е и настапот на Зајков, кој синоќа со амбулатно возило беше пренесен во болница.