• Сашо Поповски

Македонската репрезентација оваа недела ќе се сретне со Азербејџан во меч од пријателски карактер.
На оваа средба селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на двајца репрезентативци. Езџан Алиоски поради приватни причини нема да биде достапен, а болест е причината поради која Бојан Миовски ќе биде отсустен од националниот тим.
Дуелот во Скопје ќе биде прв меѓу овие две репрезентации. Македонија ќе има мала предност, бидејќи ќе игра на домашен терен.
Натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан се игра в недела со почеток од 14:00 часот.