Македонија 68-ма на крајот на годината според ФИФА ранкинг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 68-то место на декемвриската ранкинг листа на ФИФА и на ова место ќе ја заврши годината. Месецов нашиот национален тим не играше официјални натпревари и поместувања беа можни само заради падови или подеми на други репрезентација.

Нашиот национален тим е во друштво на Словенија и Албанија, кои се непосредно пред Македонија на листата. 

Нашиот следен противник во Лигата на нации, селекцијата на Косово е 115-та на декемвриското класифицирање. 

Белгија останува лидер, а на второто место е светскиот првак Франција. Во ТОП 10 уште остануваат Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина, Колумбија...