Шкендија го зададе првиот удар во битката за првенството. Во рамки на втората рунда на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), тетовчани славеа на гостувањето кај Вардар (0-2) во рамки на првото дерби оваа сезона во македонскиот фудбал. Вардар покажа доста слабости иако можеше да постигне гол пред да му се случи поразот со предизвикувачот за круната. По крајот на дербито, имаше и физичка пресметка на фудбалери од двата табора, за што допрва ќе се разгледува што ја предизвикало.