Македонецот Андоновски ќе работи со ќерката на легендата Денис Родман

Македонскиот тренер Влатко Андоновски како селектор на Соединетите Американски Држави (САД) го објави најновиот список на женската репрезентација и на него има едно интересно име.

Дел од фудбалскиот колектив стана 19-годишната Тринити Родман, инаку ќерка на легендарниот НБА-кошаркар Денис Родман. Американката се наоѓа на поширокиот список од 25 фудбалерки, а претходно е прогласена за „руки на сезоната“.

Родман игра како напаѓач, а се очекува да се најде меѓу потесниот избор на фудбалерки и да дебитира за сениорската селекција под палката на Андоновски.