Македонец нема да го заборави дербито: Втрча на терен, па си доби фотографии и ДРЕС! (ВИДЕО)

Јувентус и Интер одиграа нерешени 1-1 во дербито на 13. коло во Серија А. „Нераѕурите“ успеаја да го задржат врвот пред својот прв следач на табелата, а дуелот на „Алианц Јувентус Стадиум“ во Торино ќе остане засекогаш во сеќавањата на еден Македонец. 

Имено, Наце Васев е среќниот македонски навивач на Јувентус кој нема да го заборави ова „Дерби Д'Италија“. Ова момче по завршувањето на натпреварот го искористи невниманието на обезбедувањето и втрча на теренот. Тој успеа да стигне до своите омилени фудбалери, си направи селфи фотографии со Душан Влаховиќ, Филип Костиќ и Федерико Гати, но тоа не е сè, Васев имаше среќа и доби дрес од Мануел Локатели. 

Македонската фан-група на Јувентус на социјалните мрежи се пофали со фотографиите од настанот и видео кое прикажува дел од ситуацијата. 

Иако втрчувањата на терен се обично ригорозно казнети, сепак се работеше за влетување по завршувањето на натпреварот, па обезбедувањето само го испрати младиот Наце Васев до трибината.

Состави

Масимилијано Алегри

3-5-2

    Симоне Инзаги

    3-5-2