ВИДЕО: Македонец лудо го прослави голот за пресврт на Роналдо на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед со неверојатен пресврт се врати од два гола негатива против Аталанта и победи (3-2) во третото коло на Лигата на шампионите. Атмосферата на „Олд Трафорд“ очекувано беше луда, а фановите беа особено радосни по голот на Кристијано Роналдо за пресврт. 

За време на славјето на погодокот, во кадарот во првите редови на стадионот зад Роналдо и соиграчите се најде и еден македонски навивач. Тој со знамето на Вeргина лудо го прослави голот, викаше и навиваше за својот омилен тим, а камерите ја уловија неговата среќа. 

  • Прославата на голот на Роналдо на „Олд Трафорд“: 

Навивачите на Јунајтед на крајот беа во делириум, а македонскиот фан дефинитивно вечно ќе ја памти вечерта кога освен победата на неговиот тим, тој се најде на малите екрани ширум светот. 

Состави

Оле Гунар Солскјер

4-2-3-1

    Gian Piero Gasperini

    3-4-1-2