Македонец ќе работи со фудбалските таленти во Шведска!

Младиот македонски фудбалски стратег Христијан Цветковски ги награди успесите во шведскиот фудбал и доби нов ангажман, овој пат во Фудбалската репрезентација на Шведска.

Цветковски имаше феноменални партии со младинскиот тим на Хакен, со кого во минатото стана шампион на Шведска. По 13 трофеи и еден куп успеси, македонскиот тренер доби унапредување и имаше тројна улога и во У19 и У21 тимот.

Најнова награда за добрите резултати на Цветковски е што тој ќе биде дел од фудбалската репрезентација. Нов ангажман за тренерот е У15-тимот на Швеѓаните, во кој тој ќе работи во следниот период.

Во моментов Цветковски е во Стокхолм на камп со најмладите таленти на „трите круни“. Истовремено, тој ќе остане дел и од Хакен од кого добил дозвола за да биде на двете места.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.