• Горан Упале

Светот беше шокиран од веста дека португалскиот репрезентативец Диого Жота загина во сообраќајна несреќа со својот брат.
Оттогаш, илјадници луѓе се собраа пред „Енфилд“ за да му оддадат почит на играчот кој ги остави зад себе своите родители, сопруга и три деца, како и бројни пријатели и фанови на својата игра. Меѓу оние кои оддадоа последен поздрав имаше и Македонец, кој пред култниот стадион положи цвеќе и остави шал од фан клубот на Ливерпул во Македонија.
Ливерпул одлучи да го повлече дресот на Жота, а раководството на клубот веќе ја соопшти својата одлука на навивачите, кои се согласуваат со неа.