• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски судиски набљудувач Емил Божиновски ќе биде дел од официјалната делегација за натпреварот меѓу Селта Виго и Јувентус, кој ќе се одигра во четврток од 21:00 часот на стадионот „Балаидос“ во Виго.
Главен судија на натпреварот ќе биде Холанѓанецот Санде ван дер Ејк, а негови помошници ќе бидат сонародниците Ренс Блуминк и Стефан де Гроот. Четврти судија ќе биде Алард Линдхаут, исто така од Холандија.
За ВАР-системот ќе биде задолжен Англичанецот Мајкл Солсбери, со помош на Холанѓанецот Ричард Мартенс.
Божиновски ќе ја извршува функцијата набљудувач на судењето од страна на УЕФА, додека делегат на натпреварот ќе биде Курт Цупингер од Швајцарија.









