Македонците во Букурешт уште се број еден: Се игра оро, се пеат песни... (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација загуби на дебито од Австрија (1-3) на Европското првенство (ЕП), но тоа не ги разочара македонските фанови, кои уште се број еден во Букурешт и се најбројни.

Во стариот град е вистинско македонско шоу. Улиците и баровите се обоени во црвено-жолто, а се пејат патриотски песни и се играат ора. Македонците едноставно уживаат во еврошампионатот и уште се број еден кај Романците и романските медиуми.

  • Македонското оро во Букурешт:
  • Скандирањата во Букурешт:

Ова е прво учество на Македонија на Европските првенства (ЕП) во сениорска конкуренција, па нормално е еуфоријата да е вака голема.