Македонците се „распукаа“, Мојсов и Тричковски стрелци во високата победа на АЕК Ларнака!

Фудбалерите на АЕК Ларнака брзо го заборавија тешкиот пораз од лидерот АПОЕЛ и вечерва ја запишаа 14. овосезонска победа во кипарскиот шампионат. 

На домашен терен го совладаа тимот на Докса, а голем удел во оваа победа имаат македонските интернационалци, Даниел Мојсов и Иван Тричковски кои беа творци на два гола. Најпрво дефанзивецот уште во втората минута ја затресе противничката мрежа и донесе 1-0 за својот тим, додека девет минути подоцна на сигурни 2-0 зголеми Тричковски. До крајот на мечот во листата на стрелците се запишаа и Катала и Ба (автогол). 

Со оваа победа АЕК со 46 бода се зацврсти на четвртата позиција на табелата и сега зад лидерот АПОЕЛ заостанува само пет бода.