Македонците се главни во Љубљана: „Словенија мора да падне!“ (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезетнација ќе има поддршка на мечот против Словенија кој се игра во Љубљана на стадионот „Стожице“, во рамки на второто квалификациско коло за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

Има многу нашинци кои живеат во Љубљана и веќе се на улиците. Некои од навивачите допатуваа од нашата земја да ги бодрат фудбалерите и веќе се загреваат низ улиците на главниот град на земјата.

Македонија, Македонија“, ечи од локалните пабови, а жепбата е да се победи ривалот и да се има перфектен старт на квалификациите. Македонија во првото коло беше подобра од Летонија, додека Словенија одигра 1-1 против Израел.

Дуелот стартува од 20:45 часот, а според најавите трибините на „Стожице“ ќе бидат исполнети до последното место.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 1 2 2 0 0 3:0 3 6
2 ИзраелИзраел 1 2 1 1 0 5:3 2 4
3 МакедонијаМакедонија 2 2 1 1 0 4:2 2 4
4 СловенијаСловенија 1 2 0 2 0 2:2 0 2
5 АвстријаАвстрија 2 0 0 2 2:5 -3 0
6 ЛетонијаЛетонија 2 0 0 2 1:5 -4 0