• Мартин Танасковски
Вардар нема да биде сам во Лозана. Тимот ќе има поддршка од навивачите „Комити“, но и од Македонците кои живеат во Швајцарија.
Луѓе од Прилеп, Струмица, Радовиш, нашинци кои живеат во земјата, од Германија, веќе се екипираат околу стадионот. Желбата е една, да се мине Лозана.
Македонскиот тим има предност од 2-1 од првиот меч од Скопје. Реваншот во Лозана се игра во рамки од второто коло од квалификациите за групната фаза во Конференциската лига.



