Македонците дебитираа на младинското ЕП во триумфот на Италија

Двајца македонски репрезенти се дел од Европското првенство (ЕП) за фудбалери до 21 година во Словачка, а дебитираа на првиот ден на настанот.

Филип Поповски беше делегат, а Игор Стојчевски беше четврти судија на натпреварот меѓу Италија и Романија. На овој дуел триумфираа „аѕурите“, со резултат 1-0. Стрелец на голот за победа беше Балданзи. Во првиот дел Романија промаши пенал за 1-1.

Во терминот од 21:00 часот, се одиграа уште два други меча. Играа Полска У21 и Грузија У21, дуелот заврши 1-2, додека во вториот меч во дербито на денот се сретнаа Португалија У21 и Франција У21, а немаше голови.

Претходно, Шпанија У21 во драматичен меч го совлада домаќинот Словачка У21 (3-2).