• Саше Љолес

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално го казни Макаби Тел Авив поради однесувањето на неговите навивачи на натпреварот против Шериф Тираспол во квалификациите за Лига Европа.
Израелскиот клуб ќе мора следниот домашен европски натпревар да го одигра пред празни трибини, а дополнително ќе плати и парична казна од 40.000 евра.
Причина за дисциплинската мерка е употребата на пиротехнички средства од страна на навивачите на Макаби за време на дуелот со молдавскиот тим, кој се одигра во грузискиот град Батуми. Поради казната, Макаби без поддршка од трибините ќе настапи против ЦСКА Софија, исто така во Батуми.
Израелските клубови и репрезентацијата веќе подолго време играат европски натпревари на неутрални терени поради безбедносната состојба во земјата. Иако на натпреварот со Шериф имаше само околу 1.000 гледачи, УЕФА оцени дека пиротехниката претставува сериозно прекршување на правилата.





