• Редакција Gol.mk
Радува фактот што се повеќе македонски спортски клубови, посебно меѓу фудбалските, се грижат за стапката маркетинг, анимирање и привлекување на фановите и приврзаниците.
Иако најмлад прволигаш, струмичка Брера најави дека наскоро го отвора својот фан-шоп во центарот на Струмица. Овој потег многу значи за градот, клубот и новите сопственици.
Нашите најтрадиционални клубови, Вардар и Пелистер, ја интензивираа интернет-продажбата. Битолскиот клуб најави дека пред саботниот натпреар против Саса ќе ги продава своите оригинални зелено-бели дресови.
„Нашиот клуб започнува со продажба на домашниот дрес. Продажбата ќе се одвива в сабота на втори марти 2024 година на нашиот стадион ,,Петар Милошевски” пред почетокот на натпреварот. Дресовите ќе се продаваат по симболична цена од 2.000 денари, а продажбата ќе трае од 12:30 часот до 14:00 часот.
Ја разгледуваме можноста и за онлајн нарачки на дресовите и различни спортски реквизити, кои ги очекуваме да пристигнат во наредниот период, а за кои ќе бидете дополнително известени. За повеќе детали околу продажбата на дресовите, обратете се во билетарницата на денот на натпреварот“, е вели во соопштението на клубот од Битола.
Ако продолжат со исто темпо како што ја почнаа пролетта, фудбалерите на Влатко Костов ќе се вратат во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).