ВИДЕО: Мајсторскиот гол на Алиоски прогласен за најатрактивен на колото во Чемпионшип!

Некогашниот англиски великан Лидс Јунајтед на фантастичен начин ја започна новата сезона на Чемпионшип. Тимот од Јоркшир, на чело со новиот менаџер Марсело Биелса, делува многу моќно на терен, речиси на секој овосезонски натпревар постигнува по три и повеќе гола, а еден од најзаслужните за тоа е Езџан Алиоски

Нашиот репрезентативец одигра одличен меч викендов против Норвич, кој го зачини со мајсторски гол за 2-0. Токму овој супер-гол на Алиоски е прогласен за најатрактивен во 5. коло во втората по ранг лига во Англија

Покрај голот, крилниот напаѓач на Македонија имаше директна улога и при водечкиот погодок на Лидс.