• Зоран Мишевски

Како се доближува завршницата на Лигата на нации, во последната недела од септември, македонските голгетери се во одлична форма. По серијата на Бојан Миовски во Абердин, уште еден наш млад ас „растура“ во новиот клуб.
Валон Етеми и неговиот Истанбулспор извојуваа победа од 0-1 на гостувањето кај Аланијаспор во натпревар од четвртото коло во турската Суперлига.
GOL | Alanyaspor 0-1 İstanbulspor
Maç Linki ve anlık goller için takip: @GoalHubTR pic.twitter.com/o2RdW0xOp7
— Süper Lig | Anlık goller (@Golsperlig1) August 27, 2022
Етеми со прекрасен гол од слободен удар ја најави победата. Ова е прв погодок за Етеми во дресот на Истанбулспор по враќањето во Турција.