Ќе „украде“ ли Баерн Минхен уште еден фудбалер од своите конкуренти? Ова е прашањето кое денес се актуелизира ширум германската фудбалска јавност, откако се шпекулира дека желба на шампионот во Бундеслигата е заинтересиран за најдобриот дефанзивец на РБ Лајпциг, Дајом Упамекано.
Утрово, бројни италијански медиуми пишуваа дека деновите на Џенаро Гатузо во Наполи се броени. Наводно, челните лица на италијанскиот клуб го загубиле трпението и поради лошите резултати на тимот во последниот период му подготвуваат отказно решение на младиот стратег.
Зинедин Зидан многу веројатно повторно ќе ја напушти клупата на Реал Мадрид. „Кралевите“ заостануваат седум бодови зад градскиот ривал Атлетико Мадрид, кој има и натпревар помалку.
Фудбалерите на Атлетик Билбао одиграа убедлива партија и победија дома со Хетафе со 5-1 (1-1), во рамките на 20 коло од Примера. Иако гостите поведоа на самиот старт, баскијците покажаа сила и стигнаа до убедлива победа и запишаа три бода.
Серхио Рамос добил понуда која не се одбива од екипата на ПСЖ. Дефанзивецот на Реал Мадрид се шпекулира дека наскоро ќе објави дека заминува по долги години во „кралскиот“ дрес.
Екипата на Шкендија ќе ја претставува Македонија во новата сезона од младинската Лига на шампиони, а УЕФА го претстави новиот систем и ги подели ривалите за ждрепката за 1/16-финалето.
Екипата на Шкупи пред нешто повеќе од десет дена ги стартуваше подготовките на турско тло, а дури денес го одигра првиот контролен натпревар во Анталија, кој воедно беше и деби на новиот стратег на клупата, Хасан Озер.
Герет Бејл, најдобриот велшки фудбалер по неколкуте разочарувачки сезони во Реал Мадрид се врати во редовите на Тотенхем, но ниту во премиерлигашот не се наигра, особено не во натпреварите од домашниот шампионат.
Роман Абрамович, сопственикот на англискиот премиерлигаш Челзи изјави дека одлуката за разделба со Френк Лампард била многу тешка, но во овој момент неопходна за доброто на клубот од „Стемфорд Бриџ“.
По Андреа Шурле и Бенедикт Хеведес, уште еден фудбалер од златната генерација на Германија од 2014 година реши да му каже збогум на професионалниот фудбал.
Младинската репрезентација на Македонија ги има потенцијалните ривали во борбата за пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2023 година.
Шкендија пристигна во Анталија каде ќе ја одработи главната фаза на подготовки, но има мала промена во распоредот на натпревари и пријателската средба која требаше да се игра против украинска Зорија.
Како што веќе беше најавено, Челзи му врачи отказ на менаџерот Френк Лампард. Клупската икона која мина 18 месеци на клупата на „сините“, по кризниот период ја загуби работата.