• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Енис Барди го постигна вториот погодок во дресот на новиот клуб – Коњаспорт.
Во својот четврти настап, нашиот капитен повторно се запиша во листата на стрелците во турската елита, откако ја затресе мрежата на денешната средба со Аланијаспор. Прво мајсторски ја прими топката со лева нова и си создаде можност за веднаш да шутира, а потоа со сигурна завршница погоди за 1-1.
Сепак, неговиот тим до крајот на натпреварот прими уште еден гол и загуби со 1-2.


