ВИДЕО: Мајсторски погодок на Шаркоски, „пандевци“ носат цел плен од Велес

Академија Пандев конечно успеа да запише победа на гостувањата кај Борец во Велес (1-2). Денешниот дуел во 12. коло од ПМФЛ донесе радост за струмичани, кои го загорчија дебито на новиот тренер на домашните Јане Николоски.

Воведот донесе многу прекини и игра на средината од теренот. Ниту една од екипите не се отвори и не направи почетен ризик. По половина час игра „пандевци“ пронајдоа пат до мрежата и го отворија резултатот. Мартин Мирчевски се најде на вистинското место за да погоди за почетни 0-1.

Пред крајот домаќинот се обиде со неколку полушанси. Најзрелата ја имаше Оливер Стоименовски, кој прими топка на работ од шеснаесетникот, но биеше непрецизно. Бавниот ритам им одговараше на струмичани, кои позадоволни заминаа во соблекувална по воведните 45 минути.

Борец започна поактивно во вториот дел, што беше очекувано со оглед на резултатот. По еден корнер, центаршут испрати Лука Трајкоски, а топката го изненади Данило Раџен, од кого се одби, но заврши покрај голот на Марко Јовановски. Академија Пандев чекаше шанса од контра нападите и главно се фокусира на одбрана на минималната предност во остатокот од натпреварот.

Притисокот вроди со плод, кога Крста Ѓорѓевиќ постави глава при еден корнер и го постави конечниот резултат во 63. минута. Од тој момент Борец зеде залет и започна уште поагресивно да напаѓа. Но, не успеа да го искористи подобриот момент за да направи целосен пресврт на оваа средба. Кога сите очекуваа реми, на сцена стапи Николче Шаркоски и со прекрасна соло акција стави точка на натпреварот (1-2). Биеше со левата нога и бурно го прослави голот со соиграчите од клупата за резерви.

Следното коло за велешани носи дуел со Работнички на домашен терен, а за „пандевци“ гостување кај Струга Трим Љум.