ВИДЕО: Мајсторски гол на Брајан Родригез, Уругвај минимално го порази Перу

Репрезентацијата на Уругвај го совлада Перу со 1-0 (1-0) во пријателски натпреварот на „Сентенарио“ во Монтевидео. На неколку месеци до почетокот на квалификациите за Светското првенство во Катар, Оскар Табарез им даде шанса на помладите фудбалери и тие целосно ја искористија.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Брајан Родригез, по прекрасна тимска акција на домашната селекција уште во 16. минута. Уругавајците беа подобар ривал и создадоа многу шанси за втор погодок.

Оваа победа е своевиден реванш за поразот во полуфиналето на Копа Америка во јуни оваа година. За двојниот светски првак не настапи Луис Суарез, кој остана во Барселона и доби заслужен одмор.