ВИДЕО: Мајсторски дриблинг и супер-завршница на Ѓорѓиевски во Тетово! 

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Марко Ѓорѓиевски одигра одлично прво полувреме во Тетово и со два брзи гола му донесе предност на Силекс од 0-2 против шампионот Шкендија. 

Центарфорот на кратовчани првиот гол го постигна во 35. минута, кога најпрво избегна офсајд, па со мајсторски дриблинг го помина директниот чувар и на крај со рутинска завршница со лева нога ја смести топката во противничката мрежа.

Само четири минути подоцна, некогашниот напаѓач на Шкупи и Брера одново се најде во фокусот на вниманието, откако беше прецизен од најстрога казна и на својот тим му донесе комотно водство од 0-2.