ВИДЕО: Мајсторска финта, па среќен гол на Дебле против Струга! 

Екипата на Пјуник подобро го отвори реванш- натпреварот против нашиот шампион Струга Трим Љум и со 1-0 поведе по само шеснаесет минути игра.

Искусниот сенегалски напаѓач Дебле откако доби топката во срцето на казнениот простор на противникот, прво со финта одлично се ослободи од двајца фудбалери на Струга и веднаш биеше, а топката од блокот на Стефан Спировски заврши во мрежата.

  • Голот на Пјуник прогв Струга Трим Љум:

Струга во првиот натпревар одигран во Охрид славеше минимална победа од 2-1.