ВИДЕО: Мајсторска акција на Интер, Лукаку одговори на головите на Ибра

„Мириса“ на ново ефикасно дерби на миланските клубови, бидејќи во првиот половина час постигнати се три гола. По двата гола во неполни пет минути на Ибрахимовиќ (еден од пенал и еден од игра, Интер одговори и од првата убава акција намали на 1-2.

Иван Перишиќ доби топка од Коларов, убаво центрираше, а откако Донарума извиси со интеревнцијата, Ромелу Лукаку се најде на вистинско место и ја погоди целта.

Во претходните две дерби средби во кои Интер беше домаќин, „нераѕурите“ се враќаа од 0-2, до победа од 3-2.