ВИДЕО: Мајсторот се врати на теренот – „кунг-фу“ додавање „а ла“ Ибрахимовиќ

Златан

Златан Ибрахимовиќ ги израдува фановите на Милан и се врати во одлична голгетерска форма. По долгата пауза, шведскиот напаѓач постигна два гола и ѝ помогна на екипата да слави кај Каљари.

„Росонерите“ и натаму го држат врвот во Серија А, а со ваков Ибрахимовиќ се главни фаворити за титулата. Наскоро треба да пристигне и Марио Манџукиќ., кој се очекува значително да го засили тимот на Стефано Пиоли.

Секој потег на Швеѓанецот внимателно се следи. Во 17. минута од дуелот на „Сардења Арена“ направи велемајсторско додавање и одново покажа со каква леснотија го игра фудбалот.

Иднината на Ибра не е јасна, тој најавува разговори со Милан на крајот од сезоната, а сите предвидуваат дека ќе остане најмалку една година, ако тимот ја освои титулата во италијанското првенство.