ВИДЕО: Мајсторот останува мајстор - Руни со „паненка“ прослави 500-ти јубилеен настап

Руни

Легендата на англискиот фудбал Вејн Руни го постигна единствениот погодок за Дерби Каунти во ремито против Фулам.

Искусниот голгетер ја презеде одговорноста во 55. минута и донесе водство за својата екипа. Во продолжението одговори Србинот Александар Митровиќ кој се погрижи гостите да си заминат дома со еден освоен бод.

Поранешниот англиски репрезентативен капитен со „паненка“ се запиша во листата на стрелци на јубилејниот 500-ти натпревар на англиско тло и покажа дека се уште е фудбалски мајстор.

Дерби ги загуби сите шанси за пласман во повисок ранг, но затоа Фулам води борба со ВБА и Лидс Јунајтед на нашиот Езџан Алиоски за влез во Премиер лигата.