• Сашо Поповски

Феноменалниот Фалкао продолжува со прекрасните голови во Турција. Голгетерот на Галатасарај донесе предност на гостувањето кај Кајзериспор.
Колумиецот на мајсторски начин ја зафати топката и успеа да ја смести зад грбот на противничкиот голман. Ова е уште еден во низата маестрални голови во кариерата на поранешниот член на Порто, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед...
Фалкао во тековната сезона запиша осум гола и подели две асистенции во турскиот шампионат.