ВИДЕО: Мајсторијата на Пандев - кандидат за гол на сезоната во Серија А!

Македонскиот фудбалер Горан Пандев се најде меѓу фудбалерите кои ќе конкурираат за најдобар гол на сезоната во италијанската Серија А.

Се работи за сезоната 2017/18, а во потесниот избор е влезен голот на Македонецот против Верона, во триумфот на Џенова од 3-1. Пандев атрактивно го лобува противничкиот голман и доби овации од цела Италија за потегот.

Својот глас за Горан Пандев може да го дадете ОВДЕ. Најдобрите ќе ги добијат наградите на 3 декември во Милано.