Мајсторија во ВМФЛ: Нухија од Шкендија даде гол – директно од корнер! (ВИДЕО)

Екипата на Шкендија од Арачиново ја забележа првата победа под водство на тренерот Берат Имери, славејќи со убедливи 0-4 на гостувањето кај Големо Коњари во натпреварот од 19. коло во Втората македонска лига.

Гостите очекувано лесно стигнаа до трите бода на ова гостување, но натпреварот во Големо Коњари го одбележа Амир Нухија, кој во финишот од првото полувреме постигна мајсторски погодок – директно од корнер.

Покрај Нухија домашната мрежа ја затресоа уште Фикрет Ливарека, Дарио Десниќ и Махир Ајрули.