ВИДЕО: Мајсторија на Салах, за Египет погоди ДИРЕКТНО од корнер!

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах можеби не импресионира со формата во Ливерпул, но во репрезентацијата се уште е број еден играч.

Тоа тој го покажа на мечот против Свазиленд, кој фаворитот го доби со 4-1, а Салах даде ефектен гол. Ѕвездата на „фараоните“ постигна мајсторски погодок, директно од корнер. Погоди во 44. минута, за предност од 4-0 на Египќаните.

Погледнете ја мајсторијата на Салах која изнуди овации: