ВИДЕО: Мајсторија на Миовски во дресот на Ренџерс, даде атрактивен гол за победа!

Maкедонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна првиот овосезонски гол во дресот на шкотскиот гигант и на мајсторски начин му донесе победа на својот тим во дуелот со Сент Мирен.

Штипјанецот во игра влезе во самиот финиш и веднаш ги покажа своите голгетерски способности. По една длабочинска топка, Миовски излезе сам пред противничкиот голман и со атрактивен лоб ја смести топката во мрежата за огромна радост на фановите на „Ајброкс“.

На овој начин македонскиот ас ги заборави бурните денови од финишот од преодниот рок, во кој малку фалеше да го напушти шкотскиот гигант и кариерата да ја продолжи во друга средина.