• Горан Упале

Екипата на Работнички дури во последната третина од првото полувреме го скрши отпорот на Шкупи во првиот денешен натпревар во ПМФЛ.
Дебармаалци притискаа од првата минута, а целта прв ја погоди младиот Никола Манојлов. 20-годишниот офанзивец се прошета покрај одбраната на противникот, а кога си создаде простор за удар – тоа го направи прецизно и донесе заслужена предност за домаќинот.
За младиот Манојлов ова беше втор овосезонски погодок во ПМФЛ во својот дванаесетти настап.






