• Горан Упале

Екипата на Пелистер во вториот дел го скрши отпорот на Каменица Саса и во својот дом извојува сигурна победа од 2-0.
Резултатот го отвори искусниот Благоја Љамчевски, кој во 59. минута постигна прекрасен погодок од слободен удар. Од полу-десно капитенот на пелистерци биеше неодбранливо за противничкиот гол и со тоа го забележа најубавиот погодок на колото во ВМФЛ.
- Атрактивниот гол на Љамчевски против Каменица Саса:
Вториот гол за пелистерци против Каменица Саса го постигна Михаил Талевски во 83. минута.