• Мартин Танасковски

Екипата на Реал Мадрид не блескаше, но ги освои трите бода на гостувањето кај Атлетик Билбао (0-2) и продолжи да ја гони првопласираната Барселона на табелата во Примера. Без повредениот Чуамени и со сериозно проблеми во одбраната кои придонесоа пет пати да се тресе мрежата на Куртоа против Барса и Виљареал минатата недела, Реал стравуваше на гостувањето на „Сан Мамеш“. Сепак, Анчелоти се потпре на своите „сенатори“ и токму тие беа стрелци на двата гола во дуелот против „лавовите“ на Ернесто Валверде.
„Кралевите“ покажаа искуство и славеа на незгодното гостување. Дадоа по еден гол во двете полувремиња, а ситуацијата можеше да биде поинаква ако голот на Ињаки Вилијамс пред финишот не беше поништен поради офсајд, при 0-1 за Реал Мадрид.
Се играше 24. минута кога Карим Бензема донесе предност за гостинот од Мадрид. По едно проигрување од Марко Асенсио, Французинот уште еднаш на дело ги покажа реализаторските способности и погоди за 0-1. Темпото на игра потоа падна, а по еден поништен гол на Атлетик Билбао, дилемите околу победникот ги реши Тони Крос во 90. минута со мајсторски погодок.
- Извештај од натпреварот:
Реал Мадрид има 41 бод и е втор во Примера, додека Барелона е прва со три бода повеќе.