ВИДЕО: Мајсторија на Камавинга, Рен пресилен за Монпелје

Победникот на Купот на Франција пред две сезони и учесник во Лигата на шампионите по првпат во својата историја оваа есен, тимот на Рен запиша победа во првиот домашен натпревар од Лига 1. По ремито во првото коло во Лил, екипата од Нормандија стигна до победа над Монпелје на домашен терен со 2-1 (1-0).

  • Извештај од натпреварот: 

Дуелот беше збркан и нервозен, па двете екипи завршија со по десет фудбалери. Рен поведе со автоголот на Ле Талек во 22. минута и со предност домашната екипа замина на одмор. Во 43. минута Моле отиде со високо подигната нога, го закачи противникот и главниот судија му покажа пат кон соблекувалната. 

Уште погруб беше стартот на Терие во 73. минута, па поранешниот фудбалер на Лион доби директен црвен картон. Во игра десет на десет победникот го реши Камавинга со прекрасна минијатура за 2-0 во 77. минута. Лаборд со убав гол во судиското надополнување ги постави конечните 2-1. 

Вечерва во рамките на второто коло на Лига 1 играат Стразбур и Ница.