ВИДЕО: Мајсторија на Батурина, им „скрши кичма“ на тројца и влезе во историјата на Комо!

Мартин Батурина влезе во историјата на Комо. Хрватскиот репрезентативец го постигна првиот гол во европските натпреварувања во историјата на италијанскиот клуб, погодувајќи против РБ Лајпциг во првото коло од Лигата на шампионите. 

Батурина погоди во 15. минута, откако Анастасиос Дувикас продре по десната страна и ја испрати топката во шеснаесетникот. Одбраната на РБ Лајпциг не расчисти добро, па топката стигна до Хрватот, кој со одлична финта исфрли тројца противници од игра и прецизно ја смести топката во мрежата.

За Комо ова е историски момент, бидејќи клубот сезонава за првпат настапува во европско натпреварување, а дебито го има токму во елитната Лига на шампионите.