ВИДЕО: Мајсторија на Амири, „фармацевтите“ пресилни за Аугсбург

Баер Леверкузен во голема форма игра по зимската пауза во Бундеслигата. По победите над Борусија Дортмунд и Порто, „фармацевтите“ нам Питер Бош извојуваа победа и против Аугсбург со 2-0 (1-0) во првиот неделен натпревар од 23. коло на Бундеслигата.

„Црвените“ се разлетаа по теренот, креираа многу шанси за гол, а двапати ја погодија противничката мрежа. По серија на шанси во раната фаза, Баер Леверкузен поведе во 25. минута, кога Хаверц прекрасно додаде до Диаби, а овој небранет од никого го матира Кубек. Следеа нови можности на Воланд и Хаверц, но предноста на полувреме беше само минимална.

Најубавиот момент во натпреварот се случи во 59. минута, кога Бендер додаде до Амири, а младинскиот репрезентативец на Германија низ слалом ја мина противничката одбрана и ги постави финалните 2-0.

Со овие три бода Баер Леверкузен се доближи на само два бода до двете Борусии и до местата кои што водат во следната Лига на шампиони. 

  • Извештај од натпреварот: