ВИДЕО: Мајстории на ѕвездите, Сити доминантно до полуфиналето на ФА Купот

Ако во Премиер лигата му откина два бода на „Сент Мери“, Саутемптон не успеа да му застане на патот на Манчестер Сити во ФА Купот. „Граѓаните“ на Пеп Гвардиола се трет полуфиналист, откако попладнево извојуваа гостинска победа од 1-4 (1-1). Иако резултатот делува убедливо, сепак момците на Гвардиола тешко и во вториот дел дојдоа до победата.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите почнаа моќно и Стерлинг, на додавање на Габриел Жесус, го отвори резултатот уште во 12. минута. Единствената грешка во првиот дел, „граѓаните“ ја направи во надополнувањето, кога Лапорт ја погоди сопствената мрежа и на одмор се замина со 1-1. 

Моментот на одлука се случи во 61. минута, кога Габриел Жесус беше срушен во казнениот простор на гостите, а Де Брујне пеналот го претвори во гол за 2-1. Ел Јонузи можеше веднаш да возврати и да израмни, но Стефан пантерски интервенираше.

Саутемптон се отвори, а тоа му понуди многу простор на гостите од Манчестер. Со прекрасна завршница Фоден зголеми на 1-3, а финалните 1-4 ги постави Марез, исто така со индивидуална мајсторија. 

Покрај Манчестер Сити, пласман во полуфиналето на ФА Купот обезбедија уште Челзи и Кристал Палас, а последниот патник ќе произлезе од вечерашниот дуел меѓу Нотингем Форест и Ливерпул.

Состави

Ралф Хасенхутл

4-3-3

    Пеп Гвардиола

    4-3-3