ВИДЕО: Мајстории на Делофеу и Греј, Вотфорд ПРВПАТ победи во Премиер

Иако лани беше едно од најпријатните изненадувања во англиската елита, тимот на Вотфорд новата сезона ја започна катастрофално. По 11 одиграни кола во Премиер лигата се наоѓа на последната позиција на табелата со само шест постигнати и дури 23 примени гола, но вечерва „мразот беше скршен“.

„Биковите“ на Кике Санчес Флорес конечно ги израдуваа своите фанови и за првпат победија во новата сезона, откако во првиот натпревар од 12. коло како гости славеа на мечот со Норич Сити (0-2).

  • Извештај од натпреварот: 

Без неколку стандардни првотимци од првата минута, фудбалерите на Вотфорд одиграа одличен меч против новајлијата во лигата, а херои на малиот тим од Лондон беа Делофеу и Греј, кои постигнаа мајсторски голови во домашната мрежа. 

Поранешниот член на Барселона по еден соло-продор даде супер-гол и донесе предност на Вотфорд, додека на негова асистенција, во вториот дел Греј со пета ја потврди победата на својот тим. 

Норич имаше неколку шанси да се врати во игра и да проба да остане без пораз, но ниту црвениот картон на гостинскиот фудбалер Кабасел не ги промени настаните на мечот, па трите бода заслужено заминаа за Лондон.