ВИДЕО: Мајстории, атрактивни голови од далечина – најдоброто од белорускиот фудбал овој викенд 

За разлика од сите останати шампионати во Европа, во Белорусија се игра фудбал без никакви проблеми и тоа со присуство на публика. 

Изминатиот викенд на програмата беше осмото коло од белоруската прва лига, на кое покрај високата победа на Бате Борисов над Смолевичи од 3-5, беа постигнати и неколку атрактивни голови од далечина на останатите натпревари.

  • Погледнете ги најдобрите голови од осмото коло на белоруската лига: 

БАТЕ Борисов е лидер во белорускиот шампионат по осум одиграни кола. Има вкупно 16 бода, исто колку и второпласираниот Слутск. Зад нив е Жодино со 15 бода, како и Ислоч.